На полигонот Криволак почнува „Брз одговор 22“, вежба со околу 4.600 војници

Со околу 4.600 војници од осум држави – Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција од денеска на армискиот полигон Криволак започнува „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што се реализира во земјава.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на вчерашниот брифинг рече дека за Министерството и за Армијата е голема чест што се домаќини на ваква вежба и изрази убедување дека припадниците на македонската Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.

„Целта на оваа вежба има два аспекта. Тоа е подготвеноста на македонската Армија за вакви комплексни вежби што ги изведуваме заедно со сојузниците, при што се покажува нејзината подготвеност, нивото на операбилност, но и начинот на кој се соработува со армиите во рамки на НАТО. Второ, што е исто така значајно за нашата држава, ги покажува капацитетите и способностите на тренинг центарот Криволак“, рече Петровска, додавајќи оти Криволак е сериозен тренинг центар, на кој сите членки на Алијансата ќе ги користат неговите поволности.

На спортскиот аеродром Стенковец, пак, на 8 мај – недела во период од 10 до 16 часот, се организира отворен ден за граѓаните, каде ќе бидат изложени сите воздухолови кои учествуваат во вежбата, а тоа се 45 најразлични воздухоплови, авиони и хелкоптери. Ќе бидат изложени воздухопловите на Армијата и МВР. Додека на 12 мај ќе биде отворениот Ден за високи гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons