НА ЗЕЛЕНСКИ МУ ДОЈДЕ ПРЕКУ ГЛАВА: „Украина нема веќе да плаќа со иднината на своите деца за илузорните ветувања за мир!“

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, на прославата на Денот на ветераните на Украина рече дека неговата земја повеќе нема да плаќа со иднината на своите деца и нејзиниот суверенитет за „илузорните ветувања за мир“.

-Денес, модерните генерации Украинци, вие и сите оние кои сега ја бранат нашата земја и народ, нашата слобода и независност, имаме можност да постигнеме повеќе отколку што можевме досега. Нашата одбрана на Украина од руската инвазија се заснова на историски најголемото единство на нашето општество досега. За единството што го цениме. Украина ужива историски најголема поддршка во светот. И никогаш повеќе Украина нема да плати со иднината на своите деца, нејзиниот суверенитет и својата волја за илузорни ветувања за мир. Украина донесе историски заклучоци, нагласи Зеленски.

Зеленски на војниците им додели награди, а на воените единици почесни титули, почести и борбени знамиња, а учествуваше и на заклетвата на студентите на Воената академија.

Прославата на Денот на ветераните на Украина се одржа во Националниот историски и архитектонски музеј на Киевска Фортеција (Киевска тврдина).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons