На две локации во Скопје ноќеска запалени четири возила

На две локации во Скопје во текот на ноќта биле запалени четири возила, информираат од МВР.

Во првиот случај кој е пријавен во СВР Скопје нешто после 3 часот по полноќ, на улица Цветан Димов настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Б.А.(33) од Скопје и патничко возило „опел корса“, сопственост на Е.Д. (38) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. 

Вториот случај, пак, кој е пријавен во истото време бил на улица Петар Ацев во Скопје каде настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.М.(32) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „субару“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.Н. (58) од Скопје.

Во двата случаја повредени нема, а интеревенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. 

Увид на местата извршиле екипи од СВР Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons