Најденото е телото на момчето по кое се трагаше во Глажња 

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов потврди дека телото на давеникот во вештачкото езеро Глажња околу 15 часот е пронајдено и извлечено по 6 дена од исчезнувањето.

Во потрагата по 29-годишното момче кое исчезна во водите на Глажња на 29 јули беа вклучени шест нуркачи од Тигрите и осум нуркачи од Волците кои и денеска го пребаруваа езерското дно.

„По петдневна потрага нуркачите од армиските специјалци Волци и полициските Тигри го пронајдоа телото на 29 годишното лице кое пред 6 дена исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковскиот регион“, рече Ангелов. 

Истовремено неколку тимови на ДЗС, како и нуркачи на ДЗС пребаруваа и под вода и на брегот на езерото. Учествуваа и полицајци од СВР Куманово.

Во потрагата беа употребени подводни дронови и друга опрема за вакви ситуации. Момчето е од селото Никуштак.

фото ЦУК

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons