Актуелно

Над 570.000 необележани јајца увезени од Србија требало да бидат пласирани како „македонски“ – АХВ казни фирма

Фирма регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казнета со 1.400 евра, откако пред Велигден увезла околу 40 тони јајца од Србија, кои требало да бидат пласирани како „македонски јајца“, иако не потекнувале од домашно производство.

Според надлежните, во две пратки биле откриени над 570.000 необележани јајца, кои требало дополнително да бидат означени и незаконски да се продаваат како домашни, што претставува обид за доведување во заблуда на потрошувачите и нарушување на пазарната конкуренција.

Јајцата потоа биле уништени на депонијата „Дрисла“.

Од АХВ информираат дека против операторот не е поднесена кривична пријава, но се спроведуваат засилени инспекциски контроли врз увозот и домашното производство на јајца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons