МакедонијаНајново

Највисоката месечна плата во Македонија е над 188.000 евра

Управата за јавни приходи ги објави податоците за доходот на граѓаните во 2025 година. Според податоците, највисоката годишна бруто-плата изнесува 139,1 милион денари, или на месечно ниво тоа е бруто-плата од 188.482 евра.

– Највисоката годишна бруто плата во 2025 година исплатена е на лице од Скопје. Платата е остварена во дејноста „Вадење на камен јаглен“ – информираше УЈП.

УЈП ја објави и највисоката дивиденда и таа е 252,6 милиони денари, а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари.

Кога станува збор за вкупен доход од сите извори, највисокиот доход во 2025 година изнесува 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија преку плата, дивиденда и друг доход. Следува граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons