Народот навлечен на седативи – Секој полнолетен лани испил по една кутија диазепам 

Цела нација на диазепам. Лани секој полнолетен во државата испил по една кутија од овој лек. 

Според податоците од Фондот за здравство, од 2017 до 2021 година има постојан тренд на зголемување на потрошувачката на овој лек. Ако пред 4 години официјално имало 1.124 милион рецепти за диазепам, неговата потрошувачка минатата година била 1.380 милиони кутии. 

Во ковид пандемијата пораснал бројот на пациенти кои го користат овој лек за смирување, односно, матични лекари многу повеќе издале рецепти до пред појавата на Ковид-19.

Само вчера на првиот ден од месецот кога граѓаните ја земаат и редовната терапија, од аптеките биле дадени над 15.000 кутии диазепам, а во последниот ден од мај, пак, 10.000 рецепти. 

По социјалните мрежи имаше бројни коментари за овие бројки – зошто никој со години не реагира за овој здравствен и општествен проблем кој е како епидемија на употреба и злоупотреба на бензодиазепини. Пред неколку години од Министерството за здравство најавија сеопфатна анализа за користењето на овие лекови, но од тоа нема ниту еден податок.

Од фондовските анализи за 2021 година, освен диазепамот, ако се соберат издадените рецепти за лекови за смирување и антидепресиви, бројката е речиси двојно поголема од вкупното население во Македонија или над 3 милиони издадени кутии. Но ова се рецепти кои се платени од страна на Фондот за здравствено осигурување. 

Претпоставките се дека уште 50 проценти ги купуваат приватно. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons