Наскоро ќе почне со работа Џевахир мол во Аеродром со најголемиот мурал во Скопје 

Најголемиот импресивен мурал во Скопје е на најновиот шопинг мол што наскоро ќе се отвори во општина Аеродром. На 4000 метри квадратни импресивниот мурал ќе биде секојдневна атракција за жителите на Скопје по отворањето на Џевахир Мол Скопје во првата половина на 2024 година, со што целосно ќе се заврши целиот инвестициски потег во овој дел на општината во Скопје.

„Џевахир Мол Скопје ќе внесе различност во понудата на брендови, притоа давајќи нов белег на градот преку најголемиот мурал поставен на целата фасада на објектот. Ова е место каде покрај шопинг искуството, ќе се обидеме да дадеме содржини што ќе привлечат големо внимание и ќе го направат молот место каде луѓето ќе се дружат и ќе поминуваат време со најблиските. Нашето искуство со вакви проекти низ светот покажа дека луѓето сакаат да видат нешто поразлично, сакаат да уживаат кога купуваат и затоа ќе понудиме програма за секој ден од неделата”, велат од Џевахир Скај Сити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons