Над 20.000 УКРАИНСКИ БЕГАЛЦИ ОД ФЕВРУАРИ ВЛЕГЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА Издадени се 358 дозволи за привремен престој од хуманитарни причини

Од 13.09.2022 до 26.09.2022 година кога практично беше и најактуелно прашањето за воена мобилизација во Русија, 562 руски државјани влегле на територија на РСМ, а околу 512 ја напуштиле, што значи дека тие транзитираат низ државата, информира Спасовски.

Од 24 февруари, кога започна воената агресија на Русија врз Украинав, до 18 септември, на територија на РСМ влегле 21.106 украински државјани, а на излез поминале 15.539 украински државјани. Тоа покажува дека овие државјани биле овде на територијата и најголем дел се вратиле, затоа што ги донеле своите семејства, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Макфакс.

– Најголем дел од овие луѓе се дојдени на ниво на пријателски, роднински и бизнис врски, затоа што работеле во одредени компании. 4.130 лица се под 16-годишна возраст, а 664 се лица над 70-годишна возраст. Во истиот период, од почетокот на кризата до денес имаме издадено 358 дозволи за привремен престој поради хуманитарни причини. Тоа не е туристички престој, како што се шпекулираше во јавноста, односно  дека на тој начин државата не била подготвена. Напротив, оние лица кои побарале привремен престој од хуманитарни причини, а такви се 358, го добиле тој статус, додека немаме лица кои побарале азил на територија на РСМ –  информираше Спасовски.

Тој објасни дека има и други државјани, вклучително и руски, кои побарале заштита на територијата на РСМ од повеќе причини, нагласувајќи дека низ процедурите во законот, како и со обврските од низа меѓународни договори и конвенции, таква заштита мора да се обезбеди, но податоците покажуваат дека не може да се зборува за некаков наплив на руски државјани.

– Од 13.09.2022 до 26.09.2022 година кога практично беше и најактуелно прашањето за воена мобилизација во Русија, 562 руски државјани влегле на територија на РСМ, а околу 512 ја напуштиле, што значи дека тие транзитираат низ државата. Најголем дел – околу две третини ги користеле копнените гранични премини, додека мал дел меѓународниот аеродром во Скопје или Охрид – рече Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons