Мукаетов и натаму останува на чело на РФМ 

Пред неколку месеци тој најави можно повлекување од функцијата претседател, но денеска дознавме дека сепак тоа нема да се случи во блиска иднина

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, ќе остане на фунцијата и понатаму. Тој минатата година беше повторно избран за претседател на Собранието на РФМ, што значи дека сега го извршува третиот мандат.

Пред неколку месеци тој најави можно повлекување од функцијата, но денеска дознавме дека сепак тоа нема да се случи во блиска иднина. На седницата на Управниот одбор на РФМ, тој изјави дека сепак не е време за повлекување.

Мукаетов потврди дека ќе остане претседател на РФМ и во наредните три години, особено по последните добри резултати на репрезентацијата, но и поради одговорноста околу организацијата на Европското првенство.

– Најавив мое евентуално повлекување од функцијата претседател на РФМ. Сепак, во моментов сметам дека не е вистинско време за мое повлекување од таа функцијата. Тоа особено доаѓа до израз по настаните во последните неколку месеци, енергијата која ја добивме со овој тим. Имаме и големи обврски, Европското првенство кое тешко го добивме, но и Светското кадетско првенство. Одлучив дека не е во ред да си одам откако добив уште еден мандат – изјави Мукаетов.

Тој и натаму верува дека во УО има луѓе кои имаат капацитет да ја водат федерацијата, но сепак решил да остане поради споменатите предизвици што претстојат пред македонскиот ракомет. Политиката треба да остане настрана од ракометот, порача Мукаетов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons