МНР со предупредување до македонските државјани: Не патувајте во овие држави 

Следствено на информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.

„Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса telaviv@mfa.gov.mk ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса globalsos@mfa.gov.mk )“, велат од МНР.

Израел се подготвува за директен напад од Иран во рок од два дена, но Иран сè уште нема донесено конечна одлука за нападот, се вели во најновиот извештај на светските агенции.

Претходно француското Министерство за надворешни работи ги советуваше француските граѓани да не патуваат во Иран, Либан, Израел и на палестинските територии поради опасност од ширење на конфликтот на Блискиот Исток“, стои во известувањето на МНР испратено до медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons