МНР: Руските дипломати работеле спротивно на Виенската конвенција 

Според добиените сознанија, тројцата протерани руски диоломати работеле во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Македонија.

На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, соопшти МНР.

Од руското МНР, велат дека властите во Македонија „продолжуваат да се движат по патот на влошување на конфронтацијата и да ги водат билатералените односи, во ќорсокак, кои и онака се во длабока криза“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons