Македонија

Млада докторка донираше матични клетки за да се спаси живот на пациент 

Млада докторка по семејна медицина денеска донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент на Клиниката за хематологија, кој има акутна леукемија, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопшти Министерството за здравство.

„Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, по денешната посета на донорката.

Директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска-Ставридис кажа дека станува збор за редокот пример, дарителот на матични клетки и пациетот кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.

„Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија“, изјави д-р Пановска-Ставридис.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons