ВО ОВАА ДРЖАВА НЕМАМЕ АМБАСАДА: Ако има македонски државјани да ја напуштат државата

Доколку има наши граѓани во Либан, да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуацијa, порача шефот на дипломатијата, Бујар Османи. 

„Особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, ниту амбасада и би било многу тешко потоа да ги згрижиме во услови состојбата да се влоши. Затоа сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани кои евентуално се во Либан или планираат да патуваат таму тоа да го одложат, односно тие што се таму да ја напуштат државата“, рече Османи.

За брачната двојка која е во Појасот Газа, повтори дека тие се локални жители на Газа кои имаат државјанство на Северна Македонија. 

„Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме. Тие се во рамки на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет, така што во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет“, рече Османи.

Израелската армија денеска уби четворица екстремисти, кои имаа елеци со експлозив и се обидува да преминат од Либан во Израел.

Од минатата сабота, палестинската милитантна група Хамас врши напади на Израел. Двете страни имаат голем број жртви. Израелските власти обвинија дека Хамас убивал и палел цивили, меѓу кои и бебиња. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons