Актуелно

Мицкоски од Охрид: Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија

За мене претставува исклучителна чест и задоволство да можам денеска да се обратам пред Вас на овој значаен јубилеј. Сепак 10 години, една деценија е доволно време за да можеме да се завртиме позади себе и да направиме една анализа за сето тоа што сме го направиле во овие 10 години овде во македонскиот бисер, јас би рекол европскиот и светски бисер Охрид како „Костал“ и како Влада на Македонија.
 
Доволен период е една деценија да оцениме дали сме направиле доволно, дали имаме простор да направиме уште повеќе, заедно, да си кажеме и да направиме планови за да изградиме уште поуспешна иднина, бидејќи колку е поуспешен „Костал“ овде кај нас во Охрид, во Македонија, толку и ние како држава ќе бидеме поуспешни и обратно колку државата е побогата, попросперитетна и поуспешна толку и вашата инвестиција ќе биде побогата и попросперитетна. Сепак за овие 10 години се направени толку многу работи што низ бројки изгледаат навистина импресивно.
 
Десет години, една деценија, еден од претходните говорници рече дека само во последните 5 години од 80.000.000 евра приходи до 280.000.000 евра приходи што се очекуваат оваа година, исклучително значаен економски резултат, но тоа е исклучително значаен економски резултат и за македонската економија којашто директно учествува во македонскиот БДП. Да бидете сепак во првите 5 компании коишто учествуваат со својот извоз во македонскиот БДП е навистина голем успех.
 
Јас од името на Владата сакам да се заблагодарам на сето тоа коешто го направивте изминатава деценија, изминативе 10 години. Повеќе од 1.300 вработени ако не се лажам беа 1.340 мислам дека сопственикот таа бројка ја спомена којшто се овде во производните капацитети на „Костал“ во Охрид, повеќе од 1.300 човечки судбини, семејства коишто својата иднина ја гледаат токму тука во „Костал“.
 
Јас навистина би сакал и за ова да ви честитам бидејќи тоа претставува еден голем и значаен успех, повеќе од 200.000.000 евра инвестиции коишто ја прави „Костал“ најголема германска инвестиција кај нас во делот на автомобилската индустрија, исто така сам по себе импресивен резултат. Кога сето ова ќе го сумираме и кога ќе го анализираме тогаш доаѓаме до еден заклучок дека оваа инвестиција претставува за сите нас инспирација да продолжиме заедно во години коишто следат, во периодот којшто следи, да се надополнуваме, да се поддржуваме и зошто веќе за некоја година од денеска наместо 280.000.000 евра приходи да не зборуваме за повеќе од 500.000.000 евра приходи. Нешто што треба да претставува наша заедничка цел. Зашто да не зборуваме за повеќе од 2.000 вработени, зошто да не зборуваме за повеќе од 500.000.000 евра инвестиции токму тука во македонскиот, европски, светски бисер Охрид и во Македонија како држава.
 
Од името на македонската Влада, сакам да ви го честитам јубилејот, да потенцирам уште еднаш дека стоиме на располагање за било што коешто цените и мислите дека ние како Влада можеме да помогнеме, бидејќи ова е двонасочна улица. Како што во самиот вовед кажав, партнерството е двонасочна улица, треба да се надополнуваме, треба да се помагаме затоа што само на тој начин и вие ќе бидете поуспешни и македонската економија ќе биде поуспешна и македонските граѓани ќе бидат исто така позадоволни.
 
И сосема на крај, би сакал да се заблагодарам на менаџментот на „Костал“ овде во Охрид, да се заблагодарам на вработените во производниот капацитет овде во Охрид и да посакам уште многу вакви инвестиции и заедно да се радуваме уште на многу години заедничка успешна соработка.
 
Ви благодарам и Бог да ни ја благослови Македонија и Бог да ни го благослови „Костал“.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons