Минималецот стигна до 20.175 денари, линеарно се зголемува и платата на администрацијата
Минималцеот се зголемува за 2,175 денари. Социоекономскиот совет го потврди процентот на зголемување од 12%. Околу 80 илјади работници кои земаат минимална плата наместо 18 во април ќе земат 20,175 денари. Покрај нив, линерно зголемување над 2 илјади денари ќе добие и државната администрација.
Зголемувањето е добар старт, иако не е доволно за да се покријат зголемените трошоци за живот, велат од Синдикатот. Од бизнисот пак велат дека се свеснио оти со растот на минималната, треба да растат и останатите плати.
Од Владата очекуваат повисоки плати да има и за вработените во приватниот сектор, иако за оваа година нема бенефиции за газдите кои ќе ги зголемат платите, како што имаше лани. Велат дека интересот бил мал за ваквата мерка, но ако има потрева, ќе помогнеле.
Инаку, согласно законот за плати, како што растат трошоците за живот и просечната плата, така треба да се зголемува и минималецот. Истиот не треба да биде помал од 57% од просечната плата. Со ваквиот процент, во моментов кај нас изнесува 61%.