Даравелски нема да оди во затвор, му застари извршувањето на казната 

ФОКУС ПИШУВА: Денеска одекна информацијата дека на граничниот премин „Табановце“ е упасен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, по 20 години поминати во бегство. Иако ноќта Даравелски ќе ја помине зад решетки, бидејќи веќе е спроведен во затворот Идризово, сепак, многу веројатно е од утре тој да биде слободен граѓанин, поради застарување на извршувањето на казната.

Поточно, Даравелски беше осуден во отсуство во 2007 година за Злоупотреба на службената положба и овластувања и се бараше со меѓународна потерница. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Од сторувањето на делото според Кривичниот Законик се поминати 20 години, а од правосилноста на казната веќе поминале повеќе од 10 години, што и автоматски значи дека Даравелски нема да ја отслужи затвоската казна, бидејќи истата застарела.

Според Кривичниот Законик, застареноста на извршување на казната подразбира неможност да се започне со извршување на изречената казна, со изминувањето на рокот, кој во законот е определен како рок на застареност, почнувајќи од денот на правосилноста на судската одлука.

Доколку со закон поинаку не е определено изречената казна не може да се изврши кога ќе поминат:

1) 30 години од осуда на доживотен затвор,

2) 20 години од осуда на затвор над десет години,

3) десет години од осуда на затвор над пет години,

4) пет години од осуда на затвор над три години,

5) три години од осуда на затвор над една година и

6) две години од осуда на затвор до една година или на парична казна.

Повеќе на fokus.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons