Милевски: Треба многу работи да поправиме за да сме конкурентни во квалификациите

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, по мечот со Финска вели дека треба да се поправат повеќе работи, пред се реализацијата. 

Македонија одигра 1-1 на пријателскиот натпревар против Финска, а реализацијата повторно беше проблем. 

„Имавме одлични можности за гол и мора да работиме на реализацијата. Јас можам да бидам задоволен од некои работи, но има многу работи кои треба да ги поправиме. Ме радува враќањето на Несторовски, но жал ми е што не даде гол, сепак задоволен сум од тоа како изгледавме. Тактички, има многу работи што треба да се поправат, затоа што во квалификациите имаме сериозни противници и недостатоците кои се јавуваат треба да ги сведеме на минимум“, вели Милевски. 

„Тоа е филозофијата која ја играме, висок пресинг и тимски пресинг по загубена топка, момците го дадоа максимумот, а тоа се бараше од нив. Не може да не сум задоволен, но реков дека има многу работи да поправиме за да сме конкурентни во следниот циклус“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons