Милевски ги собра фудбалерите пред мечот со Украина во квалификациите за ЕП 2024 

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува веројатно и клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство, против селекцијата на Украина.

Селекторот Благоја Милевски и стручниот штаб ги дочекаа фудбалерите во хотелот „Хилтон“ во Скопје, на првиот репрезентативен собир точно напладне.

Пред нив е краток престој во Скопје и веројатно неколку тренинзи, пред патувањето кон Прага в четврток.

Петок ќе биде ден за аклиматизација на фудбалерите во Прага, пред саботната пресметка која е закажана во пладневниот термин од 15:00 часот на „Епет Арена“.

Три дена подоцна Македонија ја очекува и пријателски натпревар против Азербејџан во Струмица, меѓутоа тој е во втор план.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons