Мигранти од Гана се најдени во сандак во камион 

Во сандак со алат во камион се пронајдени четворица мигранти. 

Вработен во АРСМ-Касарна „Страшо Пинџур“-Петровец, вчера пријавил во полиција дека околу 12.00 часот во камион „даф“, во сандак со алат се пронајдени 4 лица мигранти од Гана. Камионот допатувал од Грција. 

Мигрантите се спроведени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка. Увид извршиле екипи на Полициското одделение Петровец и Регионалниот центар за гранични работи Север и преземаат мерки за расчистување на счлучајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons