МЕДИУМИТЕ СЕ ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС – АВМУ со осуда за нападите кон новинарите 

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска испратија реакција до медиумите со која ги осудуваат вербалните закани упатени кон сите новинари и медиумски работници, вклучувајќи го и новинарот Огнен Јаневски искажани во две контактни емисии на ТВ 24.

– Сите форми на напади врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест поради што безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена – истакнуваат од Агенцијата.

Од таму додаваат дека како многупати досега, апелираат да се почитува достоинството на медиумските работници и да се овозможат услови за професионална работа на медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons