Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 180 милиони евра.
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид, пренесува „El Chiringuito“.
Ова укажува дека 25-годишниот Французин се подготвува да се пресели во Реал Мадрид.
Во шпанските медиуми се пишува за директен контакт на Мбапе со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез.
Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Реал Мадрид доставил официјална понуда до францускиот фудбалер и поставил краен рок за донесување одлука – средината на јануари.
Договорот на Мбапе со ПСЖ е до летото 2024 година. Сезонава одигра 22 натпревара за парижаните во сите натпреварувања, постигна 21 гол и две асистенции.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 180 милиони евра.