Лазаров го скрати списокот: Македонија со 19 ракометари ги стартува подготовките за Европското првенство

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров денеска го објави скратениот список и реши со 19 ракометари да ги почне подготовките за ЕП 2024 во Германија.

Тој се реши да почне со тројца голмани и по двајца на двете крилни позиции, како и на левата бековска позиција. Најголема конкуренција има на позиците десен и среден бек, како и меѓу кружните напаѓачи. Предводникот од клупата на списокот има и еден специјалист за одбрана и тоа Едвин Омерагиќ од тимот на Алкалоид. Лазаров се реши да има и осум ракометари во резерва, кои би биле вклучени во тренажниот процес ако во следниот период се случи нешто непредвидено.

Македонија на претстојниот континентален собир (10-28 јануари) е во група со домаќинот Германија, како и со Франција и Швајцарија. Првиот меч го играме на стадион во Дизелдорф, додека останатите две пресметки од групната фаза ќе ги одиграме во Берлин.

список

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons