Марк Маркез стави крај на кариерата во Мото ГП
Еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња, Марк Маркез, одлучи да стави крај на професионалната кариера во Мото ГП.
Трката за Големата награда на Валенсија ќе биде последна во кариерата на Марк Маркез во Мото ГП.
„Официјално – Марк Маркез реши да се повлече од Мото ГП шампионатот и трката за Големата награда на Валенсија ќе биде последна трка како професионален возач за тимот на Дукати Леново“, објави тимот на Маркез на социјалните мрежи.
Маркез оваа сезона ја освои осмата титула во Мото ГП, вкупно десета во мотоциклизмот.
Според многумина тој е најдобриот мотоциклист на сите времиња.



