МАКПЕТРОЛ: ЦЕНАТА НА ГАСОТ СЕ НАМАЛУВА, по намалувањето на цените на берзите 

Домашната нафтена компанија „Макпетрол“ соопштуваат дека се намалува цената на гасот во земјава по намалувањето на цената на светските берзи.

– Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец ноември ќе се намали за 500 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец октомври ова година – истакнуваат од нашиот нафтен гигант. 

Од компанијата исто така посочуваат дека има намалување и на цената на погоносто гориво за моторни возила. 

– Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 49,5 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 184 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 134,50 денари за килограм или 96 денари за литар – појаснуваат од „Макпетрол“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons