Македонски брачен пар заглавен во Газа 

Македонски брачен пар е заглавен во Газа, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Имаме еден брачен пар што е внатре во Газа во загрозеното подрачје, а знаете дека Газа е изолирана од Израел. Единствениот излез беше преку Египет, но брачниот пар во моментот кога стигнал на граничниот премин истиот се затворил и не можат да излезат ниту кон Египет ниту кон Израел.

Амбасадата во Каиро е во комуникација со тој брачен пар и тие се безбедни во моментов, но знаете дека таму ситуацијата е многу променлива и можеме да сметаме дека тие се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет за да ги ослободат да излезат во Египет. Потоа ќе организраме и превоз но засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа“, информира Османи. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons