Македонските фудбалерки примија десет голови од Англија

Македонската женска фудбалска репрезентација доживеа уште еден двоцифрен пораз, овојпат од Англија, на арената „Тодор Проески“ во Скопје загубивме со 10-0. 

Во седмото коло од мундијалските квалификации, Македонија го доживеа шестиот пораз, Англија очекувано ја наполни нашата мрежа. Ни дадоа по пет гола во секое полувреме. 

Најдобра на теренот беше Бет Мед која ни даде четири гола, Ела Ен Тун погоди трипати, Цорција Станвеј реализираше двапати, а еден гол дде и Елан Вајт. 

Македонија немаше сериозна можност за гол на овој натпревар. 

Англија има седум победи од седум меча во овие квалификации, Македонија е претпоследна со една победа од седум меча. Зад нас е само селекцијата на Летонија. Во следното коло македонските фудбалерки му гостуваат на Луксембург во вторник, селекцијата од која загубивме во Охрид со 3-2.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons