Македонските ракометари вечерва имаат нова тешка мисија на ЕП, дуел со селекцијата на Германија 

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва има нов предизвик на Европското првенство, во рамките од второто коло противник ни е домашната селекција на Германија, натпреварот се игра во Берлин со почеток од 20:30 часот.

Убедливиот пораз од Франција на стартот од Европското првенство е зад нас, фокусот сега е на вечерашната пресметка со Германија.

Во изминатите денови момците на Кире Лазаров се подготвуваа за дуелот со домаќините. Фокус во текот на 60 минути, поагресивна одбрана и намалување на бројот на техничките грешки се трите клучни работи кои нашите ракометари треба да ги покажат денеска, а ги немаше на мечот против Франција.

На страна на Германците ќе биде и публиката, салата во Берлин која има капацитет од 17.000 гледачи ќе биде целосно исполнета.

„Очекувам против нас една мотивирана Германија, Берлин има ракометна публика и тоа ќе биде мотив за ракометарите да се покажат во што подобро издание, без разлика на името на противникот. Ние против Франција одигравме квалитетни 40-тина минути. Не треба да бидеме задоволни од тоа, но треба да ги задржиме добрите работи, а да ги намалиме техничките грешки и секако да одиме на контакт игра, на повеќе прекини со што ќе ја смириме нивната игра. Свесни сме дека нѐ очекува еден цврст натпревар, но размислуваме позитивно, особено јас сум оптимист дека можеме да парираме и да бидеме компетитивни. Треба да се подготвиме индивидуално и ментално, играчите да го издржат притисокот од трибините во текот на сите 60 минути, а тоа не е лесно“, вели селекторот Кире Лазаров.

Со Германија досега имаме играно петпати, четирипати сме загубиле, еден натпревар завршил нерешено и тоа последниот. Тоа се случи во Загреб во 2018 година каде одигравме 25:25.

Во Берлин денеска има многу Македонци кои се дојдени без билет, ќе се обидат преку црниот паза да дојдат до скапоценото прарче хартија, а доколку не успеат натпреварот ќе го гледаат групно, надвор од салата.

Пораз на Македонија на денешниот меч ќе значи губење на шансите за втората позиција и продолжување на настапот на Европското првенство. Само првопласираните две селекции се селат во следната фаза од натпреварувањето.

Пред натпреварот меѓу Македонија и Германија, се игра другиот меч од нашата група, дуелот меѓу Швајцарија и Франција кој почнува од 18 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons