Спорт

Македонскиот тенисер Приходко стигна до финалето на турнирот во Полска

Македонскиот тенисер Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој денеска е поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2:0 во сетови (6:1, 7:5) за 68 минути игра.

Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0.

Во вториот сет беше изедначено, немаше брејк до 12 гем кога Португалецот беше подобар на сервисот на нашиот Дејвис куп репрезентативец и го доби сетот, а со тоа и мечот.

На патот до финалето Приходко ги победи во првото коло Лоренцо Берто (Италија) 2:0 во сетови, во второто коло беше поуспешен од домашниот тенисер Полјакот Адам Мајчрзак со 2:0 во сетови, во четвртфиналето го совлада шпанскиот тенисер Иманол Лопез Мориљо со 2:1 во сетови, а во полуфиналето го надигра првиот носител Даниел Михалски со 2:0 во сетови (6:1, 6:4).

Следниот турнир Приходко ќе го игра по една недела во Куршумлијска Бања, Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons