Македонска репрезентација е светски првак во Кантерстрајк 

Втор пат по ред, македонската репрезентација во Кантерстрајк (CS:GO) победи на светскиот турнир во втора категорија кој го организираше Меѓународната е-спорт федерација во Бали, Монголија од 7 до 11 декември. Во финалето нашите претставници го победија домаќинот Монголија со 3:1.

Ова е секако голема радост и поттик за сите гејмери во земјава и инспирација за помладите генерации. Нашите играчи беа толку добри што на претходните натпреварувања дури беа обвинувани дека хакираат што подоцна по официјалните проверки се испостави дека не е така.

Целото патешествие на нашата репрезентација на турнирот во Монголија може да се види на Фејсбук профилот на Македонската е-спорт федерација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons