Македонската полиција на готовс – основци и средношколци се заканувале со пластични оружја и на Тик Ток 

Тик Ток видеа со закани по живот кон професори и соученици, малолетници на училиште со лажни пиштоли. 

Само два дена по масакрот во основото училиште во Врачар, билтенот на МВР вчера регистрира три одвоени инциденти во основни и средни училишта низ Скопје. 

13-годишен ученик од основно училиште во Чаир вчера на училиште отишол со пиштол играчка, го вперил кон соучениците, па и го предал на директорката. 

Полициски службеници од Карпош привеле 16-годишно момче кое преку фотографија на социјална мрежа упатило закани по живот кон професори.

Во полициската станица во Центар пак вчера биле приведени 4 средношколки кои преку Тик Ток упатиле закани кон соученичка.

Во сите три случаи од МВР посочуваат дека биле повикани и родителите на децата, а известени се и јавни обвинители. 

Од Сојузот на средношколи велат дека ваквите инциденти загрижуваат. Токму затоа бараат да се дејствува брзо и ефикасно и на безбедноста и на психичкото здравје на младите. На вчерашниот состанок во МОН доставиле и листа со предлози.

Претседателката на Либерално демократската партија и пратеничка Моника Зајкова пак денеска со низа предлози кои како коалициски партнер ќе ги достави до Владата. Партијата ќе бара да се намали возрасната граница за кривична одговороност и да се забрани апликацијата  Тик Ток.

Крвавите настани во Србија го вклучија црвениот аларм и во земјава. По  вчерашниот состанок Министерството за образование и наука стартуваше со подготовка на нови протоколи кои треба да ја зголемат безбедноста во училиштата. Како прв чекор ќе се креираат и електронски адреси за пријавување меѓуврсничко насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons