Бабунски: Убаво е што јавноста нѐ гледа како фаворити, но ние мора да останеме скромни 

Давид Бабунски вели дека за него е привилегија што е дел од македонската репрезентација, тој го потенцира напредокот на Македонија, но вели дека мора да останат скромни и да продолжат да работат. 

Македонската селекција се подготвува за мечевите од Лигата на нација, најпрво мислите ќе бидат насочени кон дуелот со Бугарија.

 „Ова е нов предизвик, кој мора да го искористиме за да продолжиме да се развиваме, да се подобруваме и да го потврдиме нашиот квалитет. Среќен сум што стигнавме до времиња во кои јавноста ја гледа Македонија како фаворит во вакви групи, нешто што пред неколку години не беше така. Но, сето тоа е заслужено поради нашите резултати и перформанси во последните години. Така да среќни сме што вака нѐ доживуваат, но мора да останеме скромни, да продолжиме да работиме и да дадеме сѐ од себе за да продолжат добрите резултати“, вели Бабунски.

 „Супер е тоа што сите ќе добијат шанса, посебно тие што имаат помала минутажа, да покажат дека можат да играат за македонската репрезентација и сигурен сум дека сите ќе дадат сѐ од себе и сите да имаат некаква вредност со придонес во оваа репрезентација. Огромна привилегија е да се биде дел од репрезентацијата на Македонија. Ова е наша професија, но не трае вечно, еднаш ќе заврши, така да треба да уживаме во секој момент што сме во репрезентацијата и да го искористиме секој момент, да напредуваме, да се трудиме да ѝ донесеме уште радости на Македонија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons