Актуелно

Македонија на прагот да го достигне колективниот имунитет против КОВИД 

Тоа што излеговме помал број на пописот го зголемува процентот на колективен анти-ковид имунитет. Според методологијата за вакцинација, досега се земаше за основа пописот од 2002 година кога бевме нешто над 2 милиони жители. Но, сега со новите резултати сега кога бројот на резиденти е 1,8 милиони, излегува дека има поголем број имунизирани граѓани. Министерот за здравство Сали вели дека оваа разлика е само 3%, но статистиката покажува дека колку што се имунизирани преку антивирусна вакцинација, другата половина создала природни антитела од прележување на корона вирусот.

„Со вкупен процент вакцинирани сме 46%, со претходните пребројувања бевме 43%. Тоа не значи многу. Важно е да се знае дека располагаме со доволен број вакцини за секој граѓанин заинтересиран за имунизација. За жал, интересот за вакцинација е намален, но истовремено е намален и бројот на нови инфекции, што е добро“, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Од Комисијата за заразни болести велат дека оптималните резултати од имунизацијата произлегле од серолошкиот скрининг што пред месеци по случаен начин се вршеше по скопските плоштади. Од 3.000 лица, над три четвртини имале просечен имунитет. Над 80% е солиден број, а под 80% колективниот имунитет не важи.

Според раководителите на двете најважни институции за справување со пандемијата, колективниот имунитет е на прагот на достигнување, половина со вештачка вакцинација, а другата половина со природни антитела. Со стабилизирањето на епидемиолошката состојба беа укинати и голем дел од рестриктивните мерки. Повеќе не треба да се носат маски во затворени простории, ниту пак треба потврда за вакцинација за минување на границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons