Македонија напредуваше на најновата ФИФА ранг листа

Македонија скокна за едно место на денешната најнова објавена ФИФА ранг листа и моментно е на 65 место со 1362 поени.

Нашата најдобра фудбалска репрезентација во последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2024 во месец ноември загуби од Италија со 5:2, а ремизираше 1:1 против Англија.

На врвот е актуелниот светски шампион Аргентина (1855 поени), пред Франција (1845) и Англија (1800).

Редоследно од четвртото до 10 место се наоѓаат Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.

Следниот ФИФА ранкинг ќе биде објавен на 21 декември 2023 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons