Македонија и натаму е без сертифициран оператор за набавка на гас, по кодови ќе се оди во Бугарија 

Македонија нема сертифициран оператор за пренос на природен гас. Според важечките законски прописи за да може тоа да се случи, во Македонија најпрво треба да се обединат НЕР и ГАМА, по што би можело да се издаваат потребните кодови за да може да се увезе гас во земјава. А за тоа да се случи најоптимистичката прогноза за времетраењето на овие неопходни подгоитовки е – една година

Во Законот за енергетика, членовите 109 и 113, се вели дека носителот на дејноста – пренос на природен гас, мора да биде сертифициран оператор. Таков сертифициран оператор нема, а Македонија веќе склучи договор со Бугарија за проширување на капацитетот на интерконекторот кај Жидилово.

Процесот на спојување на Национални енергетски ресурси (НЕР) и ГАМА, за да се добие сертифициран оператор за пренос на природен гас, не е ни почнат. Откако тоа ќе се заврши, европскиот систем оператор ЕНЦО треба да му даде дозвола да ги издаваат потребните кодови за македонските фирми да можат да го донесат гасот во земјава.

Без тоа, македонските фирми се приморани тој код да го бараат од бугарската компанија „Булгартранс гас“.

Надлежните сепак ветуваат дека целиот овој процес на спојување ќе се случи до 31 декември со што ќе почне либерализација на пазарот со природен гас.

Законот за енергатика е донесен уште во 2018 година и од тогаш обврските државата да формира сертифициран оператор за пренос на природен гас и да се донесат подзаконските акти за тргување на овој пазар не се исполнети.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons