Македонија има на кого да е горда! 23-годишната Мартина со три уметнички дела на изложба во Италија
23-годишната Мартина Трајковска од Скопје, денеска патува за Трст, Италија – каде викендов ќе ја претстави Македонија во светот на уметноста во најдобро светло.
Имено, Трајковска ќе биде дел од АРТ Експо Трст 2024. Миха Мурн, организаторот на настанот, избрал три нејзини дела кои ќе бидат дел од оваа голема изложба.
АРТ Експо Трст ќе биде домаќин на повеќе од 250 уметници и изложувачи од повеќе од 20 земји. Настанот ќе учествува со над 80 компании и ќе ги забавува присутните со повеќе од 50 културни активности, вклучувајќи музички концерти, демонстрации во живо на уметност, панел дискусии, модни ревии, предавања, работилници и многу повеќе.
Покривајќи широк спектар на уметнички дисциплини – од визуелни до изведувачки уметности – оваа изложба ќе содржи и посветен дел кој ќе се фокусира на темите на животната средина, нудејќи им на уметниците платформа за прикажување на дела кои инспирираат позитивни промени.
„За мене ова е првпат да учествувам на толку голем АРТ Експо. Ќе се обидам да уживам во искуството и да разговарам со што повеќе посетители. Во исто време ќе се обидам да се поврзам колку што можам со други уметници за да споделувам искуства“, вели Мартина.