Книга: „Големите исчекувања“ – за богатството и сиромаштијата

„Големите исчекувања“(1861) се смета за еден од најдобрите романи на Чарлс Дикенс.

Романот е извонредно згуснат и суптилен во својата драматична психологија, ликовите се оригинални, необични, неповторливи, а приказната е интересна, со заплет што е полн со изненадувања и го задржува вниманието на читателот сè до крајот. Критиката го третира како роман за психолошкото и моралното созревање на протагонистот, следејќи го развитокот на неговиот карактер од детството до зрелите години. Романот ги истражува големите егзистенцијални теми: љубовта и одбивањето, богатството и сиромаштијата, борбата меѓу доброто и злото и конечната победа на доброто. Ремек-дело на литературата од 19 век, „Големите исчекувања“ досега бил предлошка за голем број филмски адаптации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons