Македонија доби тешка група за ЕП во Германија
Македонската ракометна репрезентација доби исклучително тешка група за Европското првенство кое се игра во јануари, ја добивме домашната селекција на Германија и Франција, а како најслаб противник е Швајцарија која и не е така слаба.
Момците на Кире Лазаров ќе играат против два гиганти на светскиот ракомет како што се Германија и Франција. А од четвртиот шешир ја добивме најсилната во таа конкуренција, Швајцарија.
Само првите две селекции од групата продолжуваат понатаму, а тоа значи дека предизвикот за Македонија ќе биде ѓаволски тежок.
Европското првенство почнува на 10. јануари.
ГРУПА А (Берлин): Франција, Германија, МАКЕДОНИЈА, Швајцарија
ГРУПА Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
ГРУПА Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
ГРУПА Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Ф. Острови
ГРУПА Е (Манхајм): Шведска, Холандија, БиХ, Грузија
ГРУПА Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција