Во кампањата „Од врата на врата“ вакцинирани 200 деца

Досега над 200 деца се вакцинирани на лице место за пропуштени рутински вакцини и се поделени повеќе од 4.000 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април, како дел од Европската недела на имунизација 2023 година и се реализира со финансиска поддршка од ЕУ, информираа попладнево од Министерството за здравство.

Во кампањата се вклучени повеќе од 30 медицински тимови, кои до крајот на овој месец, планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 120 населени места.

„Тимовите составени од здравствени работници ги презентираат бенефитите од имунизација, а воедно вршат и администрирање на вакцини против ковид-19 и рутинска вакцинација“, информираат од МЗ. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons