Улични кучиња за два дена искасаа десетина граѓани, меѓу нив и дете 

И денес не изостанаа пријавите од граѓани за лица каснати од улични кучиња. По вчерашните пријави за петмина искасани граѓани, меѓу кои и дете, денес во полицискиот билтен има пријави во Аеродром, Гази Баба, Битола и Прилеп. Скопје и останатите градови вријат од улични кучиња, а проблемот надлежните никако да го решат долго време. Завчера беше објавена снимка од жена која бега и вреска додека ја брка глутница улични кучиња. 

Вчера во 12.30 часот во полициската станица Аеродром, З.Р.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 20.30 часот во полициската станица Гази Баба, Е.М.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ бил каснат од куче скитник. Во СВР Битола, А.Ј.(56) од Битола пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник, а во ОВР Прилеп, М.А.(39) од Битола пријавил дека во населба Тризла во Прилеп бил каснат од куче скитник. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons