Македонија го освои првото место на УЕФА развојниот турнир за фудбалери до 15 години 

Репрезентацијата на Македонија до 15 годиние победник на УЕФА развојниот турнир кој се одржуваше во Скопје. Во последниот трет натпревар успеа да го совлада Косово со 2:1 и така ја освои првата позиција.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски уште на стартот од натпреварот преку Ангелевски пропуштија извонредна можност. Во 27 минута, Грашевски погодува за предност на Македонија по одличното додавање на Бранковски.

Во продолжението од мечот, Косово израмнува во 64 минута. Само пет минути подоцна Грашевски по вторпат се запишува во листата на стрелци за предност и победа на Македонија. Голема заслуга за вториот погодок имаше Стаматовски, кој по одличниот продор по левата страна, асистираше за Грашевски.

Македонија: Џангаровски, Жаку, Стоилов, Кесиќ, Марковски, Ангелевски, Бранковски, Грашевски, Назиф, Бојовиќ, Заев.

На претходните два меча од турнирот, нашата селекција триумфираше над Ерменија со 5:1, а загуби на пенали од Малезија со 4:2, во регуларниот дел беше 1:1.

Репрезентацијата на Македонија до 15 години одигра одличен турнир, во кој нашите млади фудбалери се наметнаа со одлична офанзивна игра и модерен фудбал.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons