Македонија во група со Италија и Англија во квалификациите за ЕУРО 2024 

Македонската фудбалска репрезентација се падна во групата Ц во квалификациите за Европското првенство 2024, заедно со селекциите на Италија, Англија, Украина и Малта.

Македонија немаше среќа во ждрепката, ќе играме во исклучително силна група со два јасни фаворити како што се селекциите на Италија и Англија.

Од третиот шешир ја добивме селекцијата на Украина, а од петтиот ни се падна Малта.

Првите две репрезентации од секоја група се пласираат на Европското првенство.

Квалификациските натпревари почнуваат од март, а ќе траат до ноември следната година.

Група Ц

Италија

Англија

Украина

Македонија

Малта


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons