МакедонијаНајновоПолитика

Лефков: Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас, за молкот на Филипче кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија. 

Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. 

Документите кои ги добивме од свиркачи, за анализите и испитувањата за квалитетот на водата кои ги правеле надлежните институции, докажуваат дека Филипче како министер за здравство, не преземал ниту една мерка за нејзино решавање, а денеска како без срам обвинува за голготата која жителите на Гостивар ја поминаа токму поради него и неговите коалициски другари Ахмети и Таравари. 

Обвинителството мора да постапи и да даде одговор на следните прашања: 

Зошто со години граѓаните не биле известувани дека водата која ја користеле за пиење не била безбедна? Зошто со години не биле преземени чекори за санација на овој проблем? Зошто надлежните институции предводени од тогашната власт на СДС не постапувале по добиените извештаи? Зошто Филипче како министер за здравство молчел и не постапувал? 

Граѓаните заслужуваат конечно да видат правда од страна на судско-обвинителскиот систем во државата. Доста беше штитење на поранешните функционери на СДС, поради нивната блискост со одредени поединци од правосудниот систем во државата.

Бараме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи постапувањата на Филипче и тогашната власт на СДС.

Линк од видео материјал: 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons