ЛЕТАА БОКСОВИ ПОД ТРИБИНИТЕ Две репрезентативки на Мали се степаа, останатите кошаркарки спречија поголем инцидент (ВИДЕО)

Додека најдобрата српски кошаркарка на овој дуел, Саша Чаѓо, даваше изјава за домашните медиуми, дојде до тепачка меѓу две репрезентативки на Мали.

Женската кошаркарска репрезентација на Србија ја забележа втората победа на Светското првенство во Австралија, откако со 81-68 беше поуспешна од селекцијата на Мали.

Дуелот во Сиднеј не донесе поголеми возбудувања и неизвесност, но затоа се случи неверојатна сцена во микс-зоната. Додека најдобрата српски кошаркарка на овој дуел, Саша Чаѓо, даваше изјава за домашните медиуми, дојде до тепачка меѓу две репрезентативки на Мали. За среќа инцидентот брзо беше спречен од страна на останатите кошаркарки на африканската селекција.

Токму Чаѓо со 20 поени беше најпрецизна во победничкиот табор, каде се истакнаа уште Крајишник со 17, Јована Ногиќ со 13 поени, а поен помалку имаше Ивон Андерсон. Кај Мали најрасположени беа Кулибали и Хајдара со по 12 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons