Лазаров го објави поширокиот список на играчи за настап на СП 

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува поширокиот списокот на ракометари кои ќе конкурираат за место во тимот што ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска што ќе се одржува од 11 до 29 јануари следната година. Во списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари, од кои само тројца се интернационалци, а останатите 20-мина доаѓаат од домашното првенство. 

Првата прозивка, Ларазов ја закажа за 20 декември (вторник) во 11:30 часот, во хотел „Александар Палас во Скопје“. Потсетување дека нашата селекција ќе настапува во групата Ф, чиј домаќин ќе биде полскиот град Краков, а за противници ќе ги има селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија редоследно на 13-ти, 15-ти и 17-ти јануари (2023 година). 

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ГРУПА „Д“1.коло МАКЕДОНИЈА – Норвешка 20:30 часот.2.коло МАКЕДОНИЈА – Холандија 18:00 часот3.коло МАКЕДОНИЈА –  Аргентина 18:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons