Лазаров ги одреди ракометарите кои ќе играат за Македонија на СП 

Селекторот Кире Лазаров ги одбра ракометарите кои ќе настапат на престојното Светско првенство кое се игра во Полска и Шведска, од конечниот список отпаднаа Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски. 

Кире Лазаров одлучи во Краков да патува со двајца голмани, Никола Митревски и Мартин Томовски, Кизиќ отпадна од составот. Селекторот не се откажа од ниту еден од пикерите, па на оваа позиција на располагање ќе има дури четворица играчи.

Ова се имињата на 18 рекометари кои ги одбра Кире Лазаров:

Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар)

Леви крила: Дејан Манасков (Вардар), Петар Атанасијевиќ (Е. Пелистер 2)

Леви бекови: Филип Талески (Вардар), Иван Џонов (Т. Пролет)

Среден бек: Филип Кузмановски (Хановер), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Павле Атанасијевиќ (Е. Пелистер)

Десен бек: Томислав Јагуриновски (Т. Пролет) Мартин Серафимов (Алкалоид)

Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар) Ненад Костески (Е. Пелистер)

Пикери: Никола Маркоски (Алкалоид), Жарко Пешевски (Е. Пелистер), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Костадин Петров (Тор)

Дефанзивец: Михајло Младеновиќ (Алкалоид) Македонија првиот натпревар го игра во петок против Норвешка од 20:30 часот. Во нашата група уште се и селекциите на Холандија и Аргентина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons