КОНЕЧНА ОДЛУКА: Судот во Стразбур ја донесе одлуката за аболицијата на Иванов!

Судот за човекови права во Стразбур донесе решение во кое посочува дека преураните се апликациите за дадените и поништени аболиции од претседателот Ѓорѓе Иванов за четирите случаи на Специјалното јавно обвинителство. Ова е донесената одлука во форма на решение, наместо пресуда, по шест години од апликацијата. Според Стразбур, во тек се судските процеси за четирите предмети, па сметаат дека тие можат да донесат пресуда откако ќе се исцрпат сите правни лекови во Македонија.

„Во својата одлука во случајот Талески и други против Северна Македонија Европскиот суд за човекови права има едногласно ја прогласи жалбата за недопуштена. Одлуката е конечна“, одлучи ЕСЧП.

Европскиот суд дава и образложение во решението, кое значи дека случаите на СЈО, засега нема да пропаднат.

„Многу од апликантите биле членови на владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ) во времето на предметните настани и сите имале истакнати јавни функции, вклучително и премиер, министри во Владата и градоначалници. Ним им се суди за наводни кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското, широко распространето прислушување. Тие добија претседателски помилувања кои подоцна беа поништени. По поништувањата им се судеше, што е предмет на овој предмет. Судот одлучи дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови. Тој одлучи дека жалбите според член 6 (право на правично судење) се предвремени бидејќи домашните власти ќе имаат можност прво да ги решат во кривичната постапка што е во тек; а во однос на членот 5 (право на слобода и безбедност), еден од апликантите, г-дин Темелко, не ги подигнал своите жалби од Конвенцијата пред домашните судови, додека правниот лек за кој друг жалител – г-дин Талески – наводно бил ефективен, бил одбиен. како невреме во одлуките на националните судови кои не се чинеше дека биле произволни“, се додава во решението на ЕСЧП.

Одлуката значи дека Европскиот суд ја префрли топката кај македонските власти. Обвинетите треба да почекаат да добијат правосилни судски одлуки за случаите, да ги исцрпат сите правни лекови кои им стојат на располагање, сите македонски судови да се произнесат за дадените аболициите на кои обвинетите се повикуваат во судските постапки, па тогаш да се поднесе нова апликација од нив во судот во Стразбур. 

Решението е резултат на жалбата во која се опфатени случаите поврзани со предметот за масовното прислушување и уништувањето на опремата – „Таргет – Тврдина“, предметот за изборни нерегуларности – „Титаник“, предметот за злоупотреба при организирање превоз на ученици во Битола – „Транспортер“, како и предметот за уривањето на објектот „Космос“, наречен ТНТ.

За ваков сличен случај е веќе одлучувано во познатиот случај Лекса против Словачка. Тогаш, Европскиот суд утврди дека одлуките кои доаѓаат од претседателот не се одлуки за кои има некоја повисока инстанца и дека тие со самото тоа се финални и правно обврзувачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons