Колони на Богородица, се чека над 2 часа 

И Македонците и Србите навалија викендов во Грција.

И покрај тоа што на сајтот на АМСМ стои дека на граничниот премин Богородица за излез од земјава кон Грција ,,се чека минимално”, во реалноста на преминот има долги колони возила, па и кавги со тие што се обидуваат да се протнат преку ред.

Иако ова беше очекувано, бидејќи голем дел граѓани споија четири слободни дена со празникот Св. Кирил и Методиј во вторник, на македонската страна од границата не работат сите пунктови.

На грчкиот премин се чека помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons