Колинда Грабар Китаровиќ го смени личниот опис! Поранешната претседателка на Хрватска ослабе – „Никогаш поубава и позгодна“ (ФОТО) 

Колинда Грабар Китаровиќ се појави на натпревар во ватерполо каде со својот изглед ги засени сите.

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се појави на финалниот ватерполо натпревар на Европското првенство во Сплит, каде ги бодреше хрватските ватерполисти кои го освоија златото победувајќи ја Унгарија, а сите забележаа колку убаво изгледа. Неодамна направи пресврт во животот кога реши да изгуби значителен број килограми.

На социјалните мрежи не останаа и коментарите за нејзиниот освежен изглед. „Никогаш поубава и позгодна“, „Секогаш најмалку го цениме нашиот накит. Што сме имале сфаќаме само кога ќе го изгубиме“, „Одлична фигура“, „Прекрасна убава жена“ „Убава половина“, се само дел од купот на коментари кои се најзастапени по објавувањето.

Инаку, во интервју за Глорија, таа претходно зборуваше за исхраната и диетите кога рече дека и станало важно што внесува во телото, но дека нема да може да држи диета која бара постење.

„Поради обврските не смеам да останам гладна затоа што во спротивно мозокот не ми функционира како што треба. Признавам, се тешев со храна, особено со сендвичи после напорниот работен ден, поради што се здебелив“, вели Колинда. .

Погледнете како изгледа таа сега:


Таа додаде дека денес е горда што може повторно да носи маскирни панталони, купени пред десет години во Америка.

„Многумина ме прашуваат која е тајната на мојата виткост, а јас велам дека добрата фигура им ја должам на движењето и медитеранската исхрана. Сепак, на сите им советувам претходно да се консултираат со лекар или нутриционист“, вели Колинда.

Речиси целосно ги исфрлила од исхраната шеќерот, белиот леб, кафето и црвеното вино поради нетолеранцијата на хистамин, а како масти користи само домашно маслиново масло и малку путер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons