Кои се најголемите увозници на струја? Просечната увозна цена била 111 евра за мегаватчас!

Најмногу увозна струја на македонскиот пазар продал словенечкиот гигант ГЕН-И преку својата скопска фирма за трговија. Оваа компанија со увезените количества задоволила дури 15,5 отсто од потребите на македонскиот пазар. Во најголемите 10 фирми – увознички на струја дури девет се филијали на странски компании и само една била домашна фирма 

Вкупниот увоз на струја минатата година изнесувал 2,94 милиони мегаватчасови, а просечната увозна цена за еден мегаватчас струја лани изнесува 111 евра за еден мегаватчас, покажуваат официјалните податоци од годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Поголем дел од оваа енергија завршил на домашниот пазар, а дел бил пренесен односно всушност транзитирал низ преносната мрежа затоа што бил наменет за купувачи од соседните држави. Македонскиот пазар на електрична енергија лани конзумирал 4,34 милиони мегаватчасови струја, а нејзината просечна цена изнесувала 91 евро за еден мегаватчас електрична енергија.

Најголем учесник на пазарот за електрична енергија во 2021 година бил домашниот производител ТЕ-ТО (централа од Скопје која произведува струја и топлина, а како погонско гориво го користи природниот гас од Русија). Оваа компанија покрила 35 отсто од годишните потреби за струја на македонскиот пазар за електрична енергија (н.з. струја тргувана по пазарни цени).

Наспроти него најголем увозник лани е ГЕН-И Продажба, скопска филијала на најголемата регионална компанија за трговија со струја – ГЕН-И Енергија од Словенија. Според официјалните бројки од РКЕ, ГЕН-И Продажба 65 отсто од увезената струја ја продал на македонскиот пазар, а 35 отсто ја пренел преку нашата преносна мрежа во некој од соседните електроенергетски системи.

Во најголемите пет увозници се уште ЕДС, македонската филијала на грчкото државно електростопанство, ЕФТ поранешен регионален лидер во трговија со струја, Енерџи Уинд македонска филијала на бугарска компанија за трговија со струја со седиште во Струмица и филијала наданскиот гигант Данске Комодитис која тргува со енергенси на повеќе од 40 пазари ширум европскиот континент.

*Појаснување: разликата меѓу увезена и продадена струја на домашен пазар, кај трговци кои имаат поголем увоз од продажба, е електрична енергија што транзитира низ нашата мрежаР.Ф.

foto freepik.com/jannoon028

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons